Турција денес ја нападна Австрија заради нејзината одлука да затвори седум џамии и да протера 40 имами.
Во соопштение Министерството за надворешни работи на Турција изрази „жалење“ за австрискиот потег како и за одлуката да не издава дозволи за престој за верски преставници испратени од Турција во Австрија.
„Ги осудуваме австриските политичари, особено канцеаларот Курц, кој се обидува политички да профитира од овој алармантен развој, наместо да се бори против расизмот, исламофобијата и против порастот на ксенофобијата на екстремната десница“, се истакнува во соопштението.
Во него се додава дека идеолошката позиција на Австрија е спртивна на универзалните правни норми, малцинските закони, социјалната кохезија, и се истакнува дека Австрија придонесува за растот на исламофобијата и расизмот во Европа.
Анкара вели дека потегот на Виена е спротивен на Европската конвенција за човекови права и одлуката не ја прифаќа.
Во текот на денот министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу имал телефонски разговор со австриската колешка Карин Кнесел при што изразил несогласување со одлуката соопштена од Курц.