Иселените Турци по Првата светска војна се враќаат во Македонија. Според податоците до кои дојде Курир.мк, во периодот од 20 години од 2006-та до 2026-та во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција, а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. Во превод, разликата вели дека за овие две децении државата има 15.345 Турци повеќе од 2006-та година. Општопознато е дека кај Турците иселени по Првата светска војна и особено по Втората, сеќавањата за Македонија и одржувањето на врските со државата и љубовта кон неа беа на екстра високо ниво. Тие никогаш не ја заборавија Македонија.
На пописот во 1913-та, на територијата на денешна Македонија живееле 209.000 Турци, а на пописот во 2002-та само околу 77.000. Последниот попис во 2022-та оперира со бројки од околу 73.000 граѓани кои се декларирале како Турци.
Доселени/иселени Турци во и од Македонија во периодот од 20 години:
2006: 56 / 3
2007: 53 / 0
2008: 91 / 0
2009: 296 / 15
2010: 337 / 28
2011: 455 / 73
2012: 605 / 28
2013: 482 / 30
2014: 697 / 13
2015: 1324 / 30
2016: 784 / 31
2017: 918 / 80
2018: 812 / 111
2019: 1250 / 59
2020: 605 / 85
2021: 1263 / 113
2022: 1712 / 203
2023: 2049 / 235
2024: 3750 / 107
….
Вкупно во Македонија од Турција во периодот од 2006 – 2024 год:
Доселени: 16.589
Иселени: 1.244




