Група од 10 обвинители моментално се наоѓаат во САД на студиска турнеја преку Програмата за отворен свет, Конгресна канцеларија за меѓународно лидерство (КОИЛ), објави Амбасадата на САД во Македонија.
– Посетата започна во Вашингтон каде што се сретнаа со Маура Шелдон, заменик извршниот директор на КОИЛ и судијата Томас Варлан, окружен судија на САД за Источниот округ на Тенеси. Програмата вклучува и посета на Сиетл, Вашингтон и Санта Фе, Ново Мексико каде ќе се сретнат со различни судии и обвинители за да дознаат повеќе за Судскиот систем на САД, се вели во објавата на Амбасадата на Фејсбук.
Во објавата има и прилог фотографии од турнејата на обвинителите.