Охридскиот џез гитарист Владимир Четкар ја почнува својата мини турнеја во Соединетите Американски Држави.
После пауза од една година поради познатите причини наметнати од епидемијата на коронавирусот Четкар вечерва настапува во познатиот џез клуб „BOP STOP at the music settlement“ во Кливленд во сојузната држава Охајо.
На вечерашниот и наредните два концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со својата авторска музика. На концертите ќе го придружуваат најталентираните американски џез музичари од поновата генерација.
Наредниот викенд Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа на 18-ти во „Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall“ во Детроит, Мичиген како и на 19 септември во „Skadarliya“ клубот во Чикаго, Илиноис.