Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, поднел тужба против него и американската сојузна Влада, обвинувајќи ги дека планирале да го вратат во затвор затоа што наводно работел на книгата против поранешниот претседател, јави „Њујорк Дејли Њуз“.
Коен е осуден на три години затвор за финансиски и други кривични дела. Во мај годинава тој беше пуштен во домашен притвор поради епидемијата на коронавирус. Оттогаш, меѓутоа, Коен се појавува на улиците на Њујорк и во локалните ресторани, по што на 9 јули беше вратен во затвор.
Судот подоцна нареди Коен повторно да биде ослободен од затвор.
Во тужбата поднесена вчера до федералниот суд во Менхетен, Коен тврди дека неговото враќање во затвор е поврзано со неговата работа на книгата за Трамп. Според весникот, Коен бара компензација од поранешниот американски претседател и владата. Висината на обештетувањето не е прецизирана. Како што е наведено, во тужбата, исто така, како обвинет е именуван и поранешниот јавен обвинител Вилијам Бар.
Поднесувањето на тужбата Коен го објави на Твитер. Тој во изјавата наведува дека планира да ја тужи американската Влада, Трамп и Бар за „неговото неуставно враќање во затворот Отисвил врз основа на неговото одбивање да се откаже од своите уставни права според Првиот амандман“.
Книгата на Коен „Предавник: Вистинската историја на Мајкл Коен“, во која тој наводно Трамп го нарекува „измамник, моќник, предавник, силувач, расист, предатор и заговорник“, беше објавена во септември 2020 година.
Коен и претходно остро го критикуваше Трамп, тврдејќи дека во минатото му помогнал во решавањето на не многу разумни проблеми, вклучувајќи го и плаќањето жени за молкот дека имале врски со Трамп.
Коен беше осуден за кршење на законите за финансирање на кампањата и лажење на Конгресот во обид да го одбрани Трамп и себеси.
Коен, меѓутоа, поднесе уште едно обвинение против Трамп пред да биде испратен во затвор, а во ноември 2021 година беше ослободен, по три години затвор и домашен притвор.