Милиони прасиња во Германија секоја година се кастрирани без анестезија неколку дена после раѓањето, со намера да се спречи нивното месо, поради хормоните, да добие остар мирис и вкус.

Поради тоа, активисти на ПЕТА – меѓународна организација за заштита на животните, поднесоа тужба во име на прасињата против нивна кастрација без анестезија.

– Прасињата повеќе не сакаат да бидат кастрирани без анестезија, изјави во постапка пред Уставниот суд застапникот на ПЕТА, Кристијан Арлет.

Здружението Луѓе за етички однос кон животните – ПЕТА смета дека тие права на животните се заштитени со Уставот.

Судот потврди дека приговорот е примен вчера.

Инаку, Германија одлучи да се прекине со кастрација на прасињата до крајот на годинава. Сточарите ќе треба да одат на обука за да користат анестетички гас. Но, ПЕТА се противи и на тој метод.