Италијанскиот пратеник Франческо Бонифази од партијата Италија вива најави дека утре неговата партија ќе поднесе тужба против премиерката Џорџа Мелони поради „залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија“.

Тој на социјалните мрежи напиша дека парите потрошени за изградба на кампот можело да се искористат за италијанските семејства.

– В понеделник ќе поднесеме жалба до Судот на ревизори со која се осудува Џорџа Мелони како одговорна за злоупотреба на јавни пари поврзани со скандалот со мигрантскиот центар во Албанија. Ова што го гледаме е скандал за италијанските семејства: парите требало да одат за карабинерите, здравството, младите, истакна Бонифази.

По петочната одлука на италијански суд да ги укине наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија, 12 мигранти кои беа сместени во кампот во Ѓадр веќе се вратени во Италија.

По веста за одлуката на судот премиерката Мелони за утре закажа владина седница за договорот потпишан на 6 ноември минатата година, а почна да се имплементира на 16 месецов со пристигнување на првата група имигранти во Албанија.

За Мелони судската е пристрасна и е „многу тешко да се работи на изнаоѓање решенија за проблемите на Италија кога се соочуваме со противење од некои од институциите кои треба да помогнат да се изнајдат решенија“.

фото: ЕПА