СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА се договориле за формирање парламентарно мнозинство. Вака вели политичкиот аналитичар Арбен Лала. Тој вели дека ДУИ попуштила за премиер Албанец и дека на 13 август ќе се формира владата, објави ТВ 21.
– Според она што го гледам, завршен е договорот меѓу СДСМ и ДУИ каде дел е и ДПА и Беса во коалиција за основање влада. Мислам дека 13 август ќе биде симболичен ден на потпишувањето на Рамковниот договор во 2001 за членство на Македонија во НАТО. Сега имаме членство на Македонија во НАТО на 13 август 2020м за стабилност, вели Лала.
Според Лала, премиер Албанец беше само пропаганда во предизборната кампања но не ја отфрла можноста на премиерската фотелја 2 години да биде Насер Зибери, а 2 Зоран Заев.
– Ова беше привлекување на гласачи, пропагандистички речник, секој лидер го прави тоа, не е нешто трагично. ДУИ секогаш попушта за стабилност, мир, за членство во НАТО. Пракса е да попушта и овој пат ќе попушти. Така како што и СДСМ ќе попушти а видовме остар речник на Зоран Заев кон ДУИ, вели Лала.
Целиот текст може да го прочитате тука