И покрај демантите од СДСМ, ТВ 24 известува дека во тензична атмосфера се одвивал денешниот Централен и Извршен одбор на СДСМ пред почетокот на Конгресот на партијата вечерва.
Се разгледуваа предложените пратенички листи по исборни единици од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски.
Според ТВ 24, имало многу реакции, а голем број познати лица на СДСМ кои изминатите години беа експонирани ги нема на листите или се на недобитни позиции.
Како што дознава ТВ 24, портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM Дарко Каевски револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.