Останува тајна, дали и колку од шесте предлози за амбасадори на Владата извисија и нема да бидат упатени за шефови на мисии во странство, иако се очекуваше многу скоро да се пополнат испразнетите места во Брисел, Париз, Виена, Вашингтон и други клучни градови, објавува Алсат М.
Неодамна, претседателот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека Теута Арифи би била добар предлог за амбасадор во ЕУ во Брисел, со оглед на фактот што е поранешен вицепремиер за евроинтеграции.
Арифи денеска не одговори на прашањето на Алсат дали била во трка за оваа фотелја. Од МНР претходно информираа дека за оваа позиција воопшто и не било испратено барање за агреман до Европската унија, затоа што државата немала усогласен
Нејасно е дали Владата го повлекла предлогот со Арифи, кој наводно бил потврден на затворена седница кон крајот на март или пак за неа согласност нема од претседателот Стево Пендаровски, кој мора да се изјасни во рок од 30 дена од формализирањето на предлогот.
Од „Вила Водно“ за Алсат денеска потврдија дека до нив пристигнале предлози, но не споделија детали.
Покрај Арифи во Брисел, во медиумите протече и името на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски како предлог за амбасадор во Париз, но шефот на дипломатијата Османи, на еден од своите последни брифинзи, не ги потврди имињата.