Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски сакал да ја прифати фрлената ракавица од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел, но советниците го советувале дека не е подготвен за тоа.
Извори во СДСМ, за Експрес, откриваат дека Ковачевски изразил желба партискиот тим за пропаганда да ја прифати понудата од Мицкоски за ТВ дуел, но неговите медиумски и политички советници не се согласуваат со дебата против лидерот на опозицијата.
Мицкоски вчера јавно го предизвика Ковачевски од кого се чека одговор на понудата за ТВ дуел на телевизија по избор на Ковачевски.
Ковачевски, според партиските извори, бил свесен дека ако бега од соочување со Мицкоски тоа ќе донесе негативен имиџ за него особено откако беше обвинет дека во 2001 година кога татко му беше градоначалник на Куманово бил ослободил од воената обврска во АРМ.