Министерката за правда Рената Тренковска Десковска, на паузата, телефонски ми потврди дека нема амандмани од опозицијата за Предлог законот за јавно обвинителство, рече во вечерашниот дуел премиерот Зоран Заев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврдеше дека тие поднеле амандмани за предлог-законот.
Остана дилемата кој тоа ја манипулира јавноста, во врска со амандманите, и барањето решение за Специјалното јавно обвинителство. Пратеникот Никола Мицевски брзо ја реши дилемата со објавување на вистината.
Тој објави точно кога и каде се поднесени амандманите за кои Заев спореше дека се испратени, за што му потврдила и министерката Десковска на паузата од ТВ дуелот.