Телевизискиот дуел меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и премерот Зоран Заев можно е да го гледаме во среда идната недела на Македонската телевизија.
Мицкоски, преку Фејсбук го покани претседателот на СДСМ и претседател на Владата, на ТВ дуел за отворено да зборуваат за името на нашата држава. Предлогот е да се сретнат в среда на во 20.00 часот на јавниот државен сервис.
– Без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се одржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро, порача Мицкоски на Фејсбук.
Од Владата позитивно одговорија на поканата, а како единствен проблем го наведоа прецизирањето на терминот.