Откако денеска беше објавено дека обвинителката се повлекува од случајот за малата Тамара Димовска, кој беше прекумерно политички искористен во тн. шарена револуција, стигна потсетување на Твитер до тие што сега го заборавија девојчето:

– Шарени, се сеќавате на девојчето Тамара? М? Се сеќавате на вашата некрофилија и некромантија? М? Се сеќавате како ги полудевте блиските од Тамара до тој степен што го натеравте дедото и, да пука кон Тодоров? М? Сега што прајме? Колку Тамари вредат глупостите од Зоран Заев?- запраша на Твитер корисникот со псевдоним Фортификација.

За жал, смртта на девојчето Тамара, како и на Мартин Нешкоски и други беа премногу експлоатирани за политички цели. Ова потсетување нека биде потсетник за да не се повторат слични случаи.