Сменивме име (на Република Македонија з.н.) за да се грееме на дрва, осветлуваме на свеќа и децата да учат од диктат како во 19 век, се вели во објавата на Твитер на корисникот со псевдоним Брендон.
– Плафон да ни биде Мали Шенген каде (Александар) Вучиќ и (Еди) Рама се исмејуваат со нас од висина. И не заслужува ништо подобро генерацијата која трампаше нематеријално за ветување за материјално, гласи твитот на Брендон.
Пораката е афористична, кратка и преполна со вистина за она што се случува во Република Македонија по „уривањето на режимот“, влегувањето во НАТО и (под)влегувањето во ЕУ.
Излишно е да се споменува веќе излитената фраза „го донеле Заев, да го смени името… ајде мајката“.
Туку, ајде сега да ја гушкаме Владата (без ограда) на бившиот Зоран Заев и на сегашниот премиер Димитар Ковачевски. Доста му беа нежности и лигавење на ГТЦ!
(Д.Г.)