Творецот на францускиот предлог за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија Александре Адам ја напушти француската дипломатија и се префрли во судството.
Адам беше творец на предлогот како советник за Европа во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, учествуваше во сите преговори за негова изработка и има доаѓано во Скопје и во Софија на консултации со властите на двете земји.
Тој го потврди своето заминување преку „Твитер“.