На 25.07.2026 во 03:25 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.П.(35) од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка забрана за управување на моторно возило, соопшти МВР.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.