Осомничениот за подметнување пожар во синагога во францускиот град Ла Гранд Мот во департманот Аројо е уапсен во градот Ним, соопшти утринава францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен.
Тој на мрежата Икс напиша дека во полициската акција синоќа учествувале повеќе од 200 припадници на полицијата.
Дерманен додаде дека се приведени уште две лица кои биле во непосредна близина на осомничениот и дека нивното сослушување е во тек, пренесува „Фигаро“.