Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Шестмина од нив управувале моторно возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.Р. (36) од тетовското село Слатино, З.С. (34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од гевгелиското село Миравци, Е.Б. (24) и двајца 17-годишници од Скопје.
Дополнително, полицијата извршила службен разговор со 14-годишник од Велес, во присуство на негов родител, бидејќи управувал мопед без возачка дозвола.
Меѓу приведените се и В.К. (44) од Скопје и Н.С. (26) од Охрид, кои управувале моторно возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.




