УБЕДЛИВО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2020: Македонија – Летонија 3:1

/ 21.03.2019

Во првото коло од квалификациите за Европско првенство 2020 нашата репрезентација на домашен терен сo 3:1 ја совлада репрезентацијата на Летонија.

Стрелци на головите за Македонија беа Езгјан Алиоски во 11 минута и Елиф Елмас во 29 и 90 минута. Голот за Летонија го постигна Вјачеславс Исајевс во 87 минута од натпреварот.

Инаку, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вечерва, на Националната арена „Филип Втори“ на мечот со Летонија го одигра 100-от настап во дресот на А репрезентацијата.

По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и од УЕФА, а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“ му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води.

Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.


Од истата категорија