Расте разликата помеѓу кандидатот Гордана Силјановска Давкова и нејзиниот главен противкандидат Стево Пендаровски.

Според податоците на ДИК на 59,59 % обработени податоци за Силјановска гласале 197.741 гласачи додека за Пендаровски гласале 97.592 граѓани.

За Бујар Османи гласале нешто помалку од Пендаровски односно 81.748 гласачи додека за Таравари 59.591 гласачи.

ОД останатите кандидати, 42296 гласачи го дале својот глас за Димитриевски, 23.472 за Ванковска додека 4.997 гласале за Јакимовски.