Младиот фудбалер на Сент-Етјен, Вилијам Гомис (19) беше застрелан од огнено оружје во францускиот Ла Сен-Сер Меру, објавија локалните медиуми.  Гомис, братучед на познатиот фудбалер Бафетимби Гомис, е убиен во, засега, необјасниви околности.

Гомис играше за втората екипа на Сент-Етјен во француската трета лига. Минатата сезона одигра 18 натпревари.

Клубот се уште не се огласи за овој случај.