Во бомбашки напад на три цркви во Индонезија убиени се најмалку девет лица се убиени, а 40 се ранети. Како што соопшти полицијата, нападот се случил во индонезискиот град Сурабаја.

Првиот напад е извршен за време на мисата во католичката црква „Санта Марија“ каде се убиени четири лица, вклучително и напаѓачот.

Неколку минути подоцна, во експлозија во црквата „Дипонегоро“ се убиени две лица, а уште две го изгубија животот во напад на црквата „Пантекоста“.

По бомбашкиот напад на Бали во 2002 година кога загинаа 202 лица, Индонезија непрекинато врши притисок на екстремистите.

Меѓутоа, земјата, како што јави Асошиејтед прес се соочува со нова закана поради јакнењето на Исламската држава на Блискиот исток со што заживуваат локалните екстремистички мрежи