Осум деца беа убиени, четири тешко повредени при нападите извршени од терористичката група Ал Нусра во неделата за време на часот по веронаука во неделното училиште во православниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле” во градот Селевкуполис.

Ова се случило по литургија во недела на 12 мај. Исламските џихадисти од терористичката организација Ал Нурса го гаѓаа со проектили храмот, каде што е лоцирано неделното училиште.  Осум деца загинаа, а четири се во тешка состојба.

Митрополит Николај Епифанијски отслужи опело за починатите.

Во 2016 година, во овој храм имаше сличен терористички напад со жртви. Храмот се наоѓа во епархијата на св. Епифанијска митрополија кон Антиохиската Патријаршија. Градот е населен главно со грчко и арапско православно население.

Православните христијани во Сирија живеат во мачеништво заради Христа. За жал ниту една од владите на државите со мнозинско православно население не се погрижи во реалноста да се запре овој терор во Сирија.