Две новинарки се убиени синоќа во источната мексиканска држава Веракруз, соопшти регионалното Обвинителство, со што бројот убиени новинари во земјата оваа година се зголеми на единаесет.
Новинарката Јесенија Молинедо и снимателката Шеила Гарсија биле биле застрелани пред комецијална зграда во Косолеакак, околу 570 километри југоисточно од Мексико Сити.
Обвинителството на Веракруз соопшти дека е покрената истрага за смртните случаи, и тоа по сите насоки вклучувајќи ја и новинарската активност на убиените.
Минатата недела беше пронајден мртов и Луис Енрике Рамирез, познат новинар во Мексико со 40-годишно искуство. Тој беше политички колумнист за влијателниот весник „Синалоа Ел Дебата“ и основач на информативниот портал „Фуентес Фидедињас“.
Според „Репортери без граници“, Мексико и минатата година, трета година по ред, беше прогласен за најопасна држава за новинарите. Авганистан е на второ место со шест убиства.