Васил Ефтимов е жртвата која денеска претпладне на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје беше убиен со истрел во главата.
Како што објавуваат медиумите, тој е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.
Напаѓачите сакале да го ограбат, но убиениот им се спротивставил. И тоа бил моментот во кој тие одлучиле со еден истрел во главата да го лишат од живот.
Неофицијално, кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата.
Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.