Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам, вака директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска ги испразнила училниците по дојавата за бомба во училиштето.
-Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот – вели Спасовска, пишуваат Кумановскимуабети.мк.
Мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.
-Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.
Бидејќи не била посочена локација, туку заканата стигнала на мејлот, директорката пристапила и кон евакуација на подрачните училишта „Тане Георгиев“ и во Соколана.