Убиство се случи претпладнево во зградата на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), каде што член на обезбедувањето усмрти свој колега, јави МИА од Приштина.
Информацијата за порталот „калѕо.цом“ ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајќи дека во моментов може само да каже дека во зградата на Агенцијата е извршено убиство и дека обвинител е излезен на местото на настанот. Подетални информации Бериша најави за подоцна во текот на денот.
Убиството го потврдија и извори од Универзитатскиот клинички центар, од каде што информираа дека таму е однесено лице од АКИ, кое им подлегнало на повредите.
За сега нема други информации за настанот.