Доктор бил нападнат, избоден и усмртен вчеравечер.
Од полицијата велат дека вчера во 23.09 часот добиле пријава дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.
-Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР за Курир.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани, информираат од Обвинителството.
Телото на починатиот го пронашол неговиот син.
-Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.