Корисничка на Фејсбук објави случка од училиште, во кое учело и нејзиното дете, а според настанот може да се забележи дека, за жал, трауматизирањето на возрасните со промената на името на државата се рефлектира и кај децата.

На својот профил Емилија Тарунџиоска на Фејсбук пишува:

– Час по општество и учителката лабаво ја спомнува Република Северна Македонија. Едно од децата: Учителке, никогаш Северна, само Македонија! Сите деца во еден глас пеат: Никогаш Северна, Само Македонија! Ме расплака ова што ми го пренесе ќерка ми. Од среќа! Никогаш погорда не сум била на мојата ќерка, на нашите дечиња, објавува Тарунџиоска, додавајќи го хаштагот #Отпор #НикогашСеверна #СамоМакедонија.

(Д.Г.)