Учениците од петто до 12 одделение во Софија од утре ќе се префрлат на онлајн настава по налог на министерот за образование, соопштија општинските власти во главниот град на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за најмладите од прво до четврто одделение, оперативниот штаб во Софија предложи наставата да продолжи со физичко присуство до крајот на оваа недела.
Во шест општини во софиската област – Ботевград, Своге, Сливница, Костинброд, Етрополе и Горна Малина, учениците, исто така, од утре ќе преминат на онлајн учење.
Регистрираниот морбидитет во Софија на 14-дневна основа е 812 на 100.000 луѓе, истакна директорот на Софискиот здравствен инспекторат д-р Пенчев на состанокот на оперативниот штаб во главниот град на Бугарија.
Вчера, бројот на позитивни во Бугарија надмина 20 отсто од тестираните.
Во Македонија, според вчерашната пресметка на битолскиот порфесор Дејан Трајковски, состојбата во некои градови воопшто не едобра. Така, тој објави:
„Денеска гледаме многу високи стапки на позитивни тестови во неколку града (ЦЈЗ Скопје – 43,1%, ЦЈЗ Прилеп – 36,7%, ЦЈЗ Куманово – 56,4%, со што го достигна кинески Вухан, а ни Битола и Тетово не се за потценување со преку 20% позитивни тестови).“
И покрај тоа, нашите власти не убедуваат дека се е во ред и се повикуваат на негативните скрининг тестови во училиштата, иако овие бројки што ги пласираше Трајковски упатуваат на катастрофа што ни надоаѓа, а која ќе биде малку за кратко забавена поради топлото време во овие неколку денови.