Нема, нема, па лидерот на СДС ќе тресне некоја зелена. Дали ова ве потсетува на некого? На едни црни времиња за Македонија кога еден ќелепур катадневно ја уништуваше државата, симултано тресејќи глупости како навиен? На еден демек пензиониран политичар и ментор на Венко? На вистинскиот лидер на СДС од сенка? Точно така, на Зоран Заев. Венко=Зоран, пишува Курир.

Круша под круша паѓа во Македонија, а на Бихаќка, пак,  октроираниот “паѓа“ под вистинскиот лидер. Уште еден доказ дека Црпко ги создава чуварите на тронот според својот лик и недело. Велат, главни предиспозиции во фотороботот за негов соработник и наследник било да му лепат рачињата и ко на лента да тресе зелени бисери, лажни вести, да шпекулира, манипулира, лажувка ко навиен. Таче не одговорил соодветно на задачата. Бил опериран од смисол за хумор. Та би Вени…

И така, ако Зоки зборуваше за тоа како рибата смрди од опашката, Венко ломотеше за мигрантите. Ако Муртинхаузен лажеше за непромена на името, Вени измислуваше српски и руски врски кај противникот. Ако Црпко се удираше по „грудима нашима“, Филипче „гледаше“ криминал во договор со Велика Британија. Итн. Итд. И др…

Најново ремек-дело од инфантилната кујна на Бихаќка е урнебесната измислица дека „сејф сити“ бил наштелуван да им „прашта“ на вмровците?!?!?! Ќе речете, нема шанси, вакво нешто е премизерно дури и за еден СДС. Муабет на кој би му се изнасмејале и пред селска кооперација, а оној кој го кажал ќе мора за казна месец дена за цела екипа да купува месни нарезак посипан со Вегета во бакалска хартија. А несреќниот автор би бил предмет на потсмев во следните години. Море, за навек…

Арно ама, тоа не го сфатил Филипче, кој вчера со сиот ум во улога на партиски шегобиец или дворски/бихаќски кловн истресе:

„Ве снимаат секаде низ градот, никој не знае каде се податоците, ниту кој ги контролира. Имаме сознанија дека има регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што преку системот „Сејф сити“ се тргнати да не се регистрираат, да не ги казнуваат своите луѓе“, ја тресна оваа мизерна шпекулација со вцрвенет лик Филипче. Тој со треперлив глас индолентно и несериозно додаде и дека ваквите информации да ти биле „сериозни“ и дека во наредниот период очекувал да има дополнителни детали. деталите се потсмев и демант. „Тоа се информациите кои што стигнуваат до нас и ќе видиме во следниот период  какви се информации  ќе доаѓаат“, рече Филипче, а оние малкумина кои го гледале искоментаираа дека носот наеднаш рапидно му пораснал по кажаното.

Кажано-прекажано,  кое е премногу и за „Летечкиот циркус на Монти Филипче“.

Искрено, кој ли така го излизга и насанка „лидерот“ на СДС? Дали ова го смислил Шмрчко под дејство на многу бел „иљач“, а Венко со сиот ум го кажа?

Ова ли е оправдувањето на Венко зошто не го поддржаа овој есенцијален закон за безбедноста на граѓаните? Вака ли се „пере“ СДС за глупоста со одбивање закон кој носи ред во сообраќајот? Со камери кои „праштаат“ на вмровци и казнуваат само северџани/сдсовци ли? Мизерија, соодветна на боливудска серија од Ш категорија…

„Што е следно од СДС?“, со право прашува јавноста. Која е следната забегана глупост од кујната на авторите на СДС со побелени носиња? До каде ќе одат откако во десетици наврати само минатите месеци го допреа „подрумот на дното“?

Како ова да се превенира и да престане, ако не друго, тогаш поради „хигиенски причини“?

Одговорот лежи во следното видео, реална„српска врска“ со СДС.

Аман, послушајте го Мики Манојловиќ.

Извор: Курир