Училиштата во Хонг Конг денеска повторно се отворени по шест дена, но се уште има проблеми со сообраќајот во градот, додека мал број демонстранти остануваат на кампусот на универзитетот.
Градските власти се обидуваат да го вратат редот и нормалното функционирање на градот, а настава се одржува во основните и средните училишта.
Инспектори се испратени да ја утврдат штетата во главниот тунел, што беше цел на демонстрантите, но не е познато кога ќе биде повторно отворен.
На Политехничкиот факултет, каде што протестираат демонстранти со денови, се уште има мала група луѓе кои не сакаат да излезат, бидејќи им се заканува апсење.
Полицијата постави кордон околу кампусот за да ги спречи демонстрантите да избегаат.
Од неделата, кога полицијата го опколи кампусот, повеќе од 1.000 луѓе се уапсени, а стотици повредени побарале лекарска помош, соопштија властите.