Скопското основно училиште „Владо Тасевски“ до 31-ви март ќе биде со клуч на врата, а учениците од прво до трето одделение, наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн.

Одлуката е донесена поради зголемениот број на ковид позитивни случаи потврдуваат од општина Карпош.

Досега директорката и десетмина наставници пријавиле дека се заразиле со коронавирусот, додека бројот на заболени ученици не е точно утврден и ќе се тестираат во наредните денови.