Овчар од Дебар утрово е пронајден мртов во струшкото село Локов. Според полицијата, најверојатно починал од удар на гром.

Од МВР соопштија дека утринава околу 4:30 часот во Полициската станица Струга,  С.Н. пријавил дека  на местото викано „Славило“, над село Локов, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.

Увид ќе се врши во текот на денот.