Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната поради повреда.
Германецот беше подложен на операција на менискусот на левото колено по повредата што ја прими во дербито на Манчестер Јунајтед во неделата (1:1). Играчот беше принуден да ја напушти играта во 65-тата минута.
Рудигер ќе ги пропушти последните два натпревари на Челзи во Премиер лигата против Ватфорд и Лестер, како и полуфиналето во Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт и евентуално финалето на турнирот.
Се очекува местото на Рудигер во центарот на одбраната да го заземе Андреас Кристенсен.