Прес-службата на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на апликантите за титулата најдобар гол во првата рунда од Лигата на шампионите.

Претенденти за наградата се: Хуан Куадрадо (Јувентус), Лукас Моура (Тотенхем), Едсон Алварез (Ајакс) и Анхел Ди Марија (ПСЖ).

Победникот ќе биде одреден со гласање на официјалната веб-страница на УЕФА.