Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин ги негираше информациите дека финалето на Лигата на шампионите во иднина може да се одржи во Њујорк.

– Оваа идеја воопшто не е дискутирана. УЕФА не планира да го одржи финалето на Лигата на шампионите надвор од Европа, изјави Чеферин.

Претходно, директорот на шпанската медиумска група Медиапро, Жаме Рурса, ја објави можноста за одржување на финалниот меч во Њујорк.

Тој истакна дека УЕФА ја дели позицијата на раководството на Ла Лига кое потпишаа договор за одржување на натпреварите во САД.