Европската фудбалска асоцијација наскоро ќе објави дали ќе имаат завршница Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона.
По официјалната потврда за создавањето на Супер лига, на социјалните мрежи се прошири информација дека преостанатите натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа можат да бидат одложени или целосно откажани.
Се очекува за брзо време состанок на УЕФА на кој ќе бидат донесени соодветни одлуки.
Доцна синоќа беше објавено формирањето на Супер лигата со потврдено учество на 12 европски фудбалски гиганти од Шпанија, Италија и Англија, на кои треба да им се приклучат уште осум екипи до стартот на натпреварувањето закажано за август.
УЕФА претходно, се закани со суспензија и други санкции кон „одметниците“.