Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) му изрече десетгодишна суспензија на рускиот судија Сергеј Лапочкин, додека латвискиот фудбалски клуб Вентспилс е казнет со седумгодишна забрана за настап во еврокуповите поради местење натпревари.

На Лапочкин му е забрането да извршува каква и да е судиска функција на национално и меѓународно ниво до март 2031 година.

Рускиот арбитер во март годинава времено беше суспендиран на 90 денови поради сомневање за вмешаност во местење на резултатот на натпреварот меѓу Вентспилс и Бордо (0:1), во квалификациите за Лига Европа, во сезоната 2018/19.

УЕФА соопшти дека шесткртатниот латвиски шампион Вентпилс е суспендиран од европските фудбалски купови заклучно со сезоната 2027/28.