Померанецот Бу, кој е прогласен за најслаткото куче на светот, угина на 12-годишна возраст, објави на Фејсбук неговата сопственичка.

– Драги пријатели, со длабока тага ве известувам дека Бу угина синоќа во сон и така му се придружи на својот најдобар пријател Бади, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Бу беше напознатото куче на светот, кој на социјалните мрежи имаше околу 16 милиони „пријатели“.