До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира УХМР.
Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2.
Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето. Утринските температури ќе опаднат, а дневните ќе бидат во постепен пораст.