Од утре кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северо-западен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.