Најниска утринска температура од шест степени утрово е измерена во Берово.
Како што информира УХМР, 9 степени се измерени на Попова Шапка, 10 во Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 11 во Тетово и Гевгелија, 12 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес и Кавадарци, 13 степени во Претор и 14 во Виница и Дебар.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнало во Лазараполе (шест литри на квадратен метар), 2 во Штип, Охрид, Виница, Прилеп и Крушево и 1 во Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци и Маврови Анови.
Утрово зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел од државата и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 27 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот.
Утре (петок) ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.
Фото: МИА архива