Управата за хидрометеоролошки работи информира за температурите во Македонија измерени во 14 часот.
Најниска температура е измерена на Попова Шапка од 18,9 степени, а највисока во Скопје со 35,2 степени.

Температурите во наредните денови ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.