Од пладне се очекува промена на времето, најавуваат синоптичарите, зголемување на облачноста на запад и север, а веќе во вечерните часови врнежи од дожд на пониските места и снег на планините.
Во Скопје денеска ќе биде променливо со мала до умерена облачност. Веќе од попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 18 степен.
Облачно, ветровито и врнежливо време ќе преовладува до утре до средината на денот. На планините и на некои повисоки места особено на запад ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој најизразен ќе биде утре претпладне, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.
Од среда времето ќе биде променливо со благ пораст на температурата, а во четврток ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.