Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.
Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од три до 10 степени, а дневната температура од 10 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.
Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната температура до 18 степени.
Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.