Времето во Република Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево со мала облачност, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од пладне облачноста ќе се зголеми и особено на југозапад ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.
Минималната температура во источниот дел на Македонија ќе се спушти до минус два степена, а максималната до 21 степен Целзиусов.
Во прилог е последната сателитска снимка на временската ситуација, направена од УХМР.