Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

И во понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.