Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер, а в среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР, в среда утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. В недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени.